Бомбашки напад во Кабул, 12 мртви и 42 повредени

И војниците на НАТО силите во Авганистан се вклучени во истрагата за нападот

Во експлозија на автомобил-бомба во центарот на Кабул, Авганистан, загинале 12, а 42 се повредени, пренесоа новинските агенции. Експлозијата се случила во реонот Шаш Дарак, во Зелената зона, каде се наоѓаат амбасади и авганистанската разузнавачка служба Национална дирекција за безбедност. Одговорноста за нападот ја презедоа талибанците.

Ова е втора експлозија што ја потресува престолнината на Авганистан за само неколку дена. Во понеделникот во самоубиствен напад на талибанците во Кабул беа убиени 16 лица, а 119 беа поврдени. Нападите се случуваат додека САД и талибанците преговараат за повлекување на американските војници од Авганистан доколку талибанците се придржуваат кон своите обврски односно на териториите под нивна контрола нема да дејствува Ал Каеда и други терористички групи. Во Авганистан во моментот се распоредени од 13.000 до 14.000 американски војници.