Апсењето на поранешниот претседател на Ерменија неуставно

Роберт Кочаријан

Уставниот суд на Ерменија донесе одлука дека апсењето на поранешниот претседател Роберт Кочаријан било неуставно. Кочаријан се соочува со обвиненија за нарушување на уставниот поредок за време на последните недели од неговото владеење кое заврши во април, 2008 година.

Неговиот адвокат Арам Вардеванијан изјави дека одлуката значи оти Кочаријан не треба да биде во притвор. Се уште не е јано дали тој ќе биде ослободен и обвиненијата против него ќе бидат отфрлени.

Кочаријан најпрвин беше ослободен откако судот го отфрли случајот против него, но потоа повторно заврши во притвор по одлуката на Апелациониот суд при крајот на јуни.