Стоилковски се извини за објавата за министерката Ангеловска

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски упати извинување за неговата објава на социјалните мрежи поврзана со министерката за финансии Нина Ангеловска.

„Бидејќи и тоа што го кажав не е протолкувано како извинување, еве ќе бидам појасен: изнесената метафора беше погрешно разбрана и протолкувана на погрешен начин, затоа се извинувам ако на некој начин сум предизвикал навреда или таа метафора предизвика навреда на нечии чувства. Како син, брат, сопруг, татко, пријател никогаш не поддржувам ниту пак ќе поддржам сексизам или говор на омраза и останувам застапник за човечките права и слободи. Како човек барам прошка ако ненамерно сум погрешил. Очекувам и овој мој јавен став да биде преземен од медиумите, наведува Стоилковски.

На Ангеловска тој и даде прекар „Групировка“, а нејзината улога во Владата ја сведе на „Џирло девојка“.