Русија ги предупредува ЕУ и САД за Косово

Портпаролката на руското министерството за надворешни работи, Марија Захарова

Портпаролката на руското министерството за надворешни работи, Марија Захарова денеска изјави дека Косово се претвора во упориште на тероризмот. Таа наведе дека на Косово се враќаат припадници на милитантната група Исламска држава, при што регистрирани се 250 такви случаи. Според неа, станува збор за луѓе кои имаат радикални ставови и големо искуство во борби со што се создава ризик по безбедноста на Балканот и цела Европа.

„Ги повикуваме оние кои стојат зад Приштина, САД и ЕУ да посветат најсериозно внимание на тоа. Ние поаѓаме од тоа дека ЕУ треба да преземе соодветни мерки“, истакна Захарова.