Потпретседателот Пенс во посета на Исланд

Американскиот потпретседател Мајк Пенс

Американскиот потпретседател Мајк Пенс денешниот престој на Исланд, како што е најавено во Вашингтон, ќе го искористи за да го истакне стратешкото значење на Исланд на Арктикот, напорите на НАТО во борбата против руската агресија во регионот и можностите за проширување на меѓусебната трговија и инвестиции. Утре потпретседателот Пенс ќе престојува во Британија, каде што ќе разгоава за зајакнување и проширување на билатерални економски односи по заминувањето на Британија од Европската унија.