Заев:Правдата и предметите на СЈО мора да бидат осигурани со новиот закон за ЈО

Архивска фотографија- Работна средба во Министерството за правда за Законот за јавно обвинителство со кој се решава статусот на СЈО

Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција во Владата рече дека е оптимист и дека очекува до 15 септември со консензус да биде донесен законот за јавното обвинителство.

Правдата и предметите на СЈО, рече Заев, мора да бидат осигурани. Во преговорите за законот, црвените линии кои се јасно поставени, не смеат да бидат поминати, а планот „Б“ никојпат не бил спомнат како закана.

„Се надевам на решение. Не е лесно. Тешко е, се среќавааат работните групи. Но, предметите мора да бидат осигурани. СЈО како институција мора да има иднина, државата вложила пари, странски држави – пријатели помогнале. Верувам дека решението ќе го изнајдеме заедно, во соодветниот период кога е тоа возможно. Планот „Б“ никојпат не сме го спомнале како закана и воопшто не сакаме да го спомнуваме“, истакна Заев на прес-конференција во Владата, одговорајќи на новинарски прашања.

Ако се испрати пораката дека повторно има какво било влијание врз правдата, оцени Заев, тоа нема да биде добро за никој.