Кирацовски: Секој што се сликал со осомничените во „Рекет“ да оди на распит

Александар Кирацовски

Не смее да остави дамка врз процесот за расчистување на „Рекет“ оставајќи разно-разни шпекулации да кружат во јавноста, независно дали се политичка реторика или чаршиски муабети, објави денеска на Фејсбук пратеникот и поранешен генерален секретар на СДСМ, Алксандар Кирацовски, чие име неофицијално се спомнуваше во дел од медиумите и во обвинувањата на опозицијата за можна поврзаност со осомничениот во случајот - Бојан Јовановски.

„Овој процес ќе ја потврди вистината и ќе ја сузбие лагата и шпекулациите. Криминалците ќе бидат изведени пред лицето на правдата, одговарајќи за стореното. Но, кон овој случај, неопходно е Обвинителството да пристапи и низ општественото огледало кое претежно го креираат политичките напади и инсинуации, лажните вести и конструкциите. На пример, тоа може да го стори единствено ако го повика секој (политичар), кој има макар и една слика со било кој од обвинетите, да го провери контекстот и да ги расчисти дилемите во јавноста“, напиша Кирацовски.