Шекеринска: Ние брзо напредуваме, на потег е ЕУ

Радмила Шекеринска

Пред две години, мојата земја беше извор на загриженост кај повеќето сојузници во НАТО и Европската Унија. Се боревеме со тешка политичка криза, со пад на демократијата, значителен пад во слободата на медиумите, па дури и со агресивна политичка конфронтација. Сепак, потребна беше нова влада, огромна политичка одлучност, храброст и способност за донесување одлуки за да се променат работите, и да се очекуваат добри вест на самитот во Лондон, рече министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, на панелот насловен „Што следува? – поглед на евроатлантската безбедност, 70 години по Вашингтонскиот договор“, што се одржа во рамки на Бледскиот стратегиски форум.

Со решен спор со Грција, добри односи со Бугарија, пробив во зацврстувањето на демократијата и слободата на медиумите, денеска, како што посочи таа, имаме четирикратно зголемени странски инвестиции и 50 000 нови работни места, имаме успешен пример.

– НАТО го верификуваше нашиот напредок и ја испрати пораката дека ги поддржува добрососедските односи, решавањето на регионалните прашања и промовирањето на стабилноста преку подобрување на политичките односи меѓу двете земји. Затоа, мислам дека ова беше вин-вин ситуација, и за Северна Македонија, но и за НАТО. И не мислам дека е случајно што толку многу земји брзо го ратификува договорот. Добрата вест е што изгледа дека земјите-членки на ЕУ се подготвени да ја следат истата агенда и да ги наградат сигналите за напредок на Балканот“, рече Шекеринска.