Илјада милијарди долари странски капитал веќе избега од Британија

илустрација

Најмалку илјада милијарди долари, односно околу 10 насто од вкупниот имот на британскиот банкарски сектор, 220 банки и финансиски фирми се преселиле од Британија во Европската унија од изгласувањето на Брегзитот во 2016 година. Според американската агенција Блумберг, пред заминувањето на Британија од ЕУ закажано за 31 октомври, се забрзува и бегањето на финансискиот капитал од со децении неприкосновениот банкарски центар на Европа.