Времето денеска: променливо облачно

Претпладне на истокот ќе биде сончево, а кон запад со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми, а на крајниот запад ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд со ретки грмежи. Попладне на север краткотрајно ќе засилува северен ветер. Утринската температура ќе биде од 8 до 17, а дневната од 25 до 36 степени. Во Скопје и околината слично време. Утринската температура ќе биде околу 16, а дневната ќе достигне до 33 степени.