Џонсон: Не сакам избори, не го поддржувајте одложувањето на Брегзит

Британскиот премиер Борис Џонсон

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека не сака избори и ги повика пратениците да не гласаат за „уште едно бесмислено одложување“ за Брегзит.

„Ако го сторите тоа, тоа ќе ја поткопа позицијата на Велика Британија и ќе ја направите апсолутно невозможна за понатамошни преговори со ЕУ. Јас не сакам избори, вие не сакате избори. Да ја следиме волјата на народот“, изјави Џонсон пред седиштето на Даунинг стрит.

Европратениците планираат да го искористат времето во парламентот во среда, пред неговото суспендирање од страна на владата, за да донесат закон со кој ќе го присилат Џонсон да го одложи излегувањето на Велика Британија од ЕУ, закажано за 31 октомври.