Приштина не му дозволува на Вучиќ да го посети Косово пред изборите

Илустрација - Зградата на косовската Влада во Приштина

Јетлир Зиберај, советникот на министерот за надворешни работи на Косово, изјави дека Косово нема да дозволи посета на српскиот претседател, Александар Вучиќ, пред предвремените избори кои се одржуваат на 6 октомври, објавија косовските медиуми. Тој на Фејсбук напиша дека изјавите на српскиот претседател дека за изборите ќе дојде на Косово се провокација и заплашување на Србите.

„Изјавата на претседателот на Србија Вучиќ дека сака да дојде на Косово пред изборите се провокација и заплашување на косовските Срби и не овозможува изборна кампања и чесно гласање за српската заедница“, напиша Зиберај и додава дека „српското сценарио не би можело да влијае врз изборниот процес и да ги спречи граѓаните слободно да гласаат“.