Лила Филиповска на распит за „Рекет“

Водителката Лила Филиповска утрово пристигна во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, бидејќи е повикана на распит за случајот „Рекет“. Таа е блиска пријателка на Јовановски, кој е во притвор во затворот Шутка.

Како што потврдиле за МИА од Обвинителтвото, „Филиповска е повикана да даде потребни известувања“.

Водителката Филиповска беше во автомобилот заедно со Бојан Јовановски-Боки 13, кога беше уапсен на граничниот премин „Богородица“, како осомничен во „Рекет“.

Обвинителка во случајот „Рекет“ е Вилма Русковска.