Дводневен состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ

Федерика Могерини

Министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската унија денеска и утре во Хелсинки ќе одржат неформален состанок. Тие ќе разговараат за актуелни меѓународни теми, како што се ситуацијата на Блискиот исток, Европа и Арктикот, како и опасноста од хибридни напади. Покрај тоа, евроминистрите ќе имаат состанок и со шефовите на дипломатиите на земјите од Западен Балкан на кој ќе стане збор за регионалната соработка. На состанокот ќе претседава високиот претставник на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини.