Ердоган заинтересиран за најновите руски воени авиони

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган при отворањето на Меѓународниот авиациско вселенски салон во близината на Москва изразил заинтересираност за купување на најновите руски борбени авиони Су-57. Турција која е членка на НАТО во минатиот месец доби испорака на рускиот ракетен одбранбен систем С-400 и покрај противењето на САД кој од ердоган бара да го поништи тој договор со Москва. На отворањето на салонот рускиот претседател Владимир Путин го нарече Ердоган за „драг пријател“.