Времето денеска: променливо облачно

Ќе биде променливо облачно, претпладне со повеќе сончеви периоди, а попладне претежно во северните делови со локален пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе биде од 12 до 21, а дневната од 26 до 39 степени. Во Скопје и околината слично време. Утринската температура ќе биде околу 18, а дневната ќе достигне до 37 степени.