Матарела даде уште време за договор за кризата во Италија

Италијанскиот претседател Серџо Матарела

Италијанскиот претседател Серџо Матарела изјави дека го прифатил барањето на политичките лидери да им остави уште време за формирање нова коалиција како алтернатива на предвремените избори. Тој додаде дека лидерите му рекле оти е можен договор меѓу нив. Затоа, како што рече, со нив повторно би се сретнал во вторник. Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини инсистира на тоа да се оди на предвремени избори, бидејќи тоа било најдобар начин за излез од кризата.