Руските власти го одбиле барањето на опозицијата за протести

Опозициската руска политичарка Љубов Собол

Руските власти одбиле да и издадат дозвола на опозицијата да одржи протест во Москва на 31 август. Кандидатката на опозицијата за претстојните локални избори Љубов Собол изјави дека активисти предложиле три локации за планираниот протест против политичката репресија, но сите биле одбиени.

Таа ги објави одбиените барања на социјални медиуми, а градските власти навеле дека предложените локации ќе го спречуваат движењето на пешаците, транспортот и социјалната инфраструктура. Според Собол, не биле понудени други локации. Таа воедно ги повика властите да престанат со провокациите и со непочитувањето на граѓаните на Москва и да го осигураат нивното право на собир и слобода на изразување.