Од Преспа до Рио

МАКЕДОНИЈА / ГРЦИЈА - Никос Коѕијас, поранешниот шеф на грчката дипломатија, во неговата викендичка на грчкиот остров Алонисос, пишува книга посветена на Договорот од Преспа, објавија грчките медиуми.

МАКЕДОНИЈА - Повикана сум како сведок. Не знам дали обвинителката ќе реши да бидам и осомничена, тоа треба обвинителката да ја прашате. Се работи сѐ уште за истрага, изјави специјалната обвинителка Катица Јанева по излегувањето од четиричасовното сведочење за случајот Рекет во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал.

САД - Американскиот претседател Доналд Трамп и британскиот премиер Борис Џонсон телефонски разговарале за Брегзит и американско-британскиот договор за слободна трговија, објави новинската агенција Ројтерс.

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА - Британскиот премиер Борис Џонсон го информирал претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, дека не може да го прифати решението за отворена граница меѓу Република Ирска и Северна Ирска, кое беше испреговарано со договорот за Брегзит меѓу неговата претходничка Тереза Меј и ЕУ, објавија новинските агенции.

КИНА - Твитер соопшти дека укинал над 200.000 налози за кои верува дека се поврзани со кинеската држава и со кампањата за дезинформации против продемократските протести во Хонг Конг.

ТУРЦИЈА / СРБИЈА - Посетата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на Србија најавена за 29 август е одложена, објави новинската агенција Танјуг, повикувајќи се на соопштение од турската амбасада во Белград.

АЛБАНИЈА - Лидерот на најголемата албанска опозициска сила, Демократската партија, Љуљзим Баша сподели нова видео-порака во која обвинува за, како што вели, грабежите направени од премиерот Еди Рама.

БРАЗИЛ - Полицијата уби киднапер на автобус со 37 патници во близина на бразилскиот град Рио де Женеиро и ги ослободи заложниците. Нема повредени заложници.