Голем шумски пожар во близина на Сарај

Илустрација, архивска фотографија

Силен шумски пожар избувна утринава околу 10 часот на непристапен терен над скопското селото Буковиќ кое се наоѓа во близина на општината Сарај и меѓу селата Раовиќ и Ласкарци.

Опожарена е дабова и деградирана шума, гори поголема површина, а во гаснењето на пожарот се вклучени три противпожарни возила, вели заменик-командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје Звонко Томески. Тој посочи дека во моментов има ветер што влијае на ширење на пожарот, неконтролирано на сите страни.

„Но, ние не дозволуваме да се рашири пожарот и да се доближи до селата“ изјави Томески.

Месното население е вклучено во гаснењето на пожарот.