САД ќе го заплени иранскиот танкер во Гибралтар

Соединетите американски држави издадоа налог за заплена на иранскиот танкер во Гибралтар, јавува новинската агенција Ројтерс.Тој првично беше заземен од британските маринци во Медитеранот под сомнение дека ги крши санкциите од ЕУ за земање на нафта од Сирија. Британските служби соопштија дека обезбедиле писмено уверување од Техеран дека товарот нема да биде однесен во Сирија. НО САД покренаа правна постапка за заплена на бродот со образложение дека има некаква поврзаност со терористичка организација. Федерален суд во Вашингтон издаде налог за задржување на танкерот кој носи нафта вредна еден милион долари.