Седум деца осудени на смртна казна лани во Иран

Специјалниот известувач на ООН за човекови права Јаванид Реман во Иран вели дека минатата година забележал „зголемени ограничувања“ на правата на слобода на изразување, слобода и фер судење во земјата. Тој го обвинува Техеран за големиот број на егзекуции, вклучително и на најмалку седум деца кои лани биле осудени на смртна казна.

Неговиот извештај насловен како „ Човековите права во исламската Република Иран“ го доставил до Генералното собрание на ООН на 16 август. Во него, тој изразува загриженост дека во Иран за повеќе од 80 кривични дела се казнува со смрт, меѓу кои и прељуба, хомосексуалност, поседување на дрога, водење војна против Бога, богохулење и навреда на пророкот Мохамед.

Реман истакна дека бројот на егзекуции во Иран во 2018 година е најмал во споредено со последниве дваесетина години, но сепак останува еден од „највисоките во светот.“