Синдикатот бара поголеми плати во образование

Независниот синдикат за образование и наукаденескапобараа од Владата и од Министерството за образование и наука зголемувањето на платите на просветните работници да биде слично или исто како зголемувањето на вработените во градинките.

– Потпретседателот на синдикатот Енвер Ајдини пред вратите на МОН изјави дека предолг период платите на наставниците стојат во место, до сега пораснаа само еднаш за пет проценти кое реално не е конечно решение на проблемите во образованието. Тој посочи дека наставниците се на маргините на егзистенцијата и нивната мотивација во работата се намалува а со тоа расте недостигот на кадар.

„Во последно време имаме недостиг на кадри, особено по предметите математика, хемија, физика итн. Во повеќе училишта поради недостиг на кадри се намалуваат работните часови по овие предмети, а можеби во некои училишта овие предмети и ќе се укинат зошто нема кој да предава,“ изјави Ајдини.