Пожар во Украина одзема 8 човечки животи

Најмалку осуммина загинаа утринава во пожар кој изби во хотел во украинскиот град Одеса. Украинските служби за вонредни ситуации соопштија дека најмалку десетмина се спасени и дека на местото на настанот се испратени 13 противпожарни возила и 65 спасувачи за да се справат со големиот пожар. Пожарот избувнал во хотелот „Токио Стар“ . Полицијата соопшти дека покренала истрага за причините за инцидентот.