Судири во Кашмир пред седницата на Советот за безбедност на ОН

Кашмир- протести против индиската влада

Стотици демонстранти во регионот Кашмир кој е контролиран од Индија се судрија денеска со полицијата, иако Њу Делхи соопшти дека ќе ги намали рестрикциите во регионот по речиси двонеделен прекин во комуникациите.

До судирите дојде откако пакистанскиот премиер Имран Кан зборуваше со американскиот претседател Доналд Трамп за Кашмир и пред седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации која е закажана за денеска.

Носејќи зелени исламски знамиња и транспаренти на кои пишуваше “Сопрете го геноцидот во Кашмир, разбуди се свету” дел од демонстрантите фрлаа камења кон полицијата која одговори со солзавец. Нема информации за повредени во судирот.