Трамп разговарал да го купи Гренланд од Данска?

претседателот Доналд Трамп

Американските медиуми јавуваат дека претседателот Доналд Трамп и неговите соработници разговарале за можноста да го купат Гренланд за САД од Данска иако некои извори во Белата куќа велат дека тоа не била серизна дискусија. Вол стрит џурнал напиша дека некои советници на Трамп ја поддржале идејата како добар економски чекор, додека други фасцинирано ја отфрлиле. Гренланд со 56.000 жители е дел до Данска. САД таму имаат воена база која е лоцирана на 1.000 километри од Арктичкиот круг. Во 1946 година САД се понудија да го купат островот за 100 милиони долари, но беа одбиени.