Париз го истакна значењето на посебниот статус на Хонг Конг

Протести во Хонг Конг

Францускиот министер за надворешни работи Жан Ив Ле Дриан повика на смирување на кризата во Хонг Конг и го истакна значењето која Франција му го придава на посебниот автономен статус на Хон Конг. Протестите во Хонг Конг, автономна кинеска територија, почнаа во јуни поради предлог законот за екстрадиција со која се предвидува израчување на осомничени лица на Пекинг. Демонстрантите бараат демократски реформи и независна истрага во, како што велат, полициската бруталност спрема учесниците на протестот.