Политичка криза во Италија - Гласање за доверба на Владата на 20 август

Италијанскиот вицепремиер, Матео Салвини, еден од главните поборници за предвремени избори

Гласањето за доверба на италијанската влада, предводена од премиерот Џузепе Конти, е закажано за 20 август, одлучи италијанскиот Парламент.

За датумот на гласањето се договорија претставници на сите парламентарни партии, освен владејачките Лига, Форца Италија и Италијански браќа.

Тие три партии сакаа за точката да се гласа денеска, за да се забрза процесот кон нови избори, објавија светските новински агенции.