Патен: Кинеска интервенција во Хонг Конг ќе значи катастрофа

Фотографија од интервенцијата на полицијата за време на протестите во Хонг Конг

Крис Патен, последниот британски гувернер на Хонг Конг, денеска предупреди дека интервенција на Кина во Хонг Конг би била катастрофа и дека кинескиот претседател Си Џинпинг треба да покаже мудрост во обединување на народот, објави Би-Би-Си.

„Тоа би било катастрофа за Кина, и секако за Хонг Конг. Уште од моментот кога дојде на власт претседателот Си, секаде има тренд на гушење на незадоволството и дисидентските гласови. Партијата контролира се“, изјави Патен за радио Би-Би-Си.

Тој додаде дека е контрапродуктивно Кинезите да предупредат за „други методи“ освен ако не престанат протестите.