Шумскиот пожар во Сибир, катастрофален

пожари во Сибир

Еколошката група Гринпис соопшти дека во Русија речиси 5,5 хектари се зафатени со пожари, претежно во Сибир. Облаците чад покриваат над 5 милиони квадратни километри што е повеќе од големината на Европската унија Во четири сибирски региони е прогласена вонредна состојба бидејќи пожарите траат веќе трет месец. Над 50 мегатони јаглерод диоксид беа ослободени во јуни и 79 мегатони јаглерод диоксид во јули - што е еднакво на издувните гасови од 36 милиони автомобили. Изгореле повеќе од 13,1 милиони хектари, вклучително и 4,3 милиони хектари тајга во Сибир. Гринпис изјави дека огромните огнови даваат „огромен придонес за климатските промени“ бидејќи милиони луѓе го дишат чадот, а дивите животни го губат живеалиштето.