Рекет, чума и Гугл

МАКЕДОНИЈА - Ректорот на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Никола Јанкуловски, земал две плати, една од клиниката за Дигестивна хирургија и една како ректор на УКИМ, соопшти Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Било утврдено дека по изборот како ректор, тој не го ставил во мирување своето работно место на Дигестивна хирургија, а согласно законот требало.

МАКЕДОНИЈА - Претседателот Стево Пендаровски изјави дека доколку има докази, треба да се поднесат обвиненија против сите инволвирани во случајот Рекет, без разлика дали се носители на јавни функции или не и дека треба да има и политичка одговорност на политичарите, независно дали се од власта или од опозицијата.

МАКЕДОНИЈА - Агенцијата за храна и ветеринарстводонесе забрана за увоз на свинско месо и преработки, како и увоз и транзит на живи домашни и диви свињи од Србија, по веста дека во оваа земја се појавила африканска чума. Директорот на АХВ Зоран Атанасов потврди дека во Србија има африканска свинска чума, и тоа во околината на Белград, Младеновац, Смедеревска паланка…

САД - Заврши и последната рунда преговори меѓу талибанците и САД за повлекување на американските трупи од Авганистан, а двете страни сега ќе се консултираат со своите лидери за следните чекори, изјави талибанскиот портпарол Забихула Мужахид, пренесоа светските новински агенции. Следуваат консултации со лидерите од обете страни и се очекува постигнување на договор.

РУСИЈА - Руската агенција за надѕор на медиумите побара од американската компанија Гугл да преземе мерки за да спречи да им овозможува на корисниците на Јутјуб да испарќаат информации за неодобрените протести. До овој потег доаѓа по неколку неделните протести во Москва поради одбивањето на кандидатурите на некои опозициски и независни почитичари за изборите во Москва.

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА - Лондонскиот весник Гардијан објави дека за неколку дена британските дипломати ќе се повлечат од институционалните структури на ЕУ, како што е планирано од владата на Борис Џонсон.

ПАКИСТАН - Најмалку 150 луѓе загинале во силните дождови што го зафати Пакистан. Неколку десетици имало загинато и во 20 милионски град Карачи каде што имало многу поплавени улици и домови. Војската им помага на загрозените како и во справувањето со последиците од монсунските дождови.

ИЗРАЕЛ - Десетици Палестинци биле ранети во судирите меѓу израелската полиција и муслиманските верници кај Ридот на храмовите во Ерусалим, свето место и за Евреите и за муслиманите. Судирите избувнаа во време на зголемена напнатост поради преклопувањето на еврејските и муслиманите верски празници.