КФОР ќе реагира ако има потреба во борбата против тероризмот

илустрација

Портпаролот на КФОР Пио Сабета, коментирајќи ја изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека биле можни терористички напади на Косово во текот на изборите наесен од страна на албанската терористичка организација „Б-13“, изјави дека оваа мировна мисија не е вклучена во борбата против тероризмот. Тој оцени дека безбедносната ситуација на Косово е мирна и под контрола, како и тоа дека КФОР соработува со локалните и меѓународните безбедносни организации и оти ако има потреба ќе реагираа и во евентуалните случаи со тероризам.