Јовески: Ќе бидат сослушани и Јанева и Стефанова

Јавниот обвинител Љубомир Јовески

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовевски вели дека во тек е истражната постапка заслучаот „Рекет“ и дека се превземаат истражни дејствија за да се обезбедат доказите за целосно истражување на случајот.

„Обвинителството постапува неселективно и ја уверувам јавноста дека секој што е инволвиран во конкретното дело ќе биде сослушан или испитан и по целосно расчистување на истрагата, согласно законот, ќе сѐ донесе јавнообвинителска одлука. Обвинителството покрај другите докази располага и со аудиовизуелни содржини. Во конкретниот случај се работи за криминална активност. Сите инволвирани ќе бидат неселективно сослушани или распитани, вклучувајќи ги и Јанева и Стефанова. Редослед Обвинителството заради доверливоста не соопштува однапред“, изјави Јовевски.