Грчкиот Парламент го укина студентскиот имунитет

грчкиот Парламент

Во грчкиот Парламент поминаа измените во законот со кои се укинува студентскиот имунитет. Владејачката Нова демократија и десничарско ориентираната партија Грчко решение беа „за“. СИРИЗА не присуствуваше на гласањето, бидејќи претходно ја напушти седницата во знак на протест против поднесените амандманите од министерот за труд. Во исто време со гласањето, пред Парламентот протест одржаа студентите кои не се согласуваат со измените во законот што ги донесе владата. Собирот помина мирно и со мал одѕив, а студентите во разговор со дописничката на МИА од Атина рекоа дека нема да се откажат и со демонстрациите ќе продолжат од септември.