Британија се надева на брз договор со САД по Брегзитот

Шефот на британската дипломатија Доминик Раб

Шефот на британската дипломатија Доминик Раб изјави дека Лондон се надева на брз и амбициозен трговски договор со САД по истапувањето од Европската унија. Раб, по средбата со претседателот Доналд Трамп во Вашингтон, рече дека британската влада е „апсолутно решена“ да ја напушти ЕУ кон крајот на октомври, оценувајќи дека за Брегзит без договор ќе биде одговорна Унијата.