Турција и САД со заеднички оперативен центар во Сирија

Сирија

Турција и САД решија да формираат Центар за заеднички операции со цел спречување на тензиите меѓу курдските и турските сили на северот на Сирија, соопштија турските власти. Американска делегација престојува во Турција на разговори за избегнување на турската воена интервенција на северот на Сирија. Турција ги смета курдските борци за терористи, но САД се потпираат врз нив во справувањето со екстремистичката Исламска држава во Сирија.