Зеленски бара итен состанок со Путин, Макрон и Меркел

Украинскиот претседател Володимир Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од Владимир Путин и Емануел Макрон одржување на итен состанок со Ангела Меркел по ескалацијата на тензиите на истокот на Украина каде што загинаа четворица украински војници. Станува збор за таканречениот формат „Нормандија“ меѓу лидерите на Украина, Русија, Германија и Франција кој одржува состаноци од 2014 година. Украинските војници загинаа во судирите со проруските бунтовници на истокот каде што пред две недели повторно беше воведено примирје.