По обидот за пуч во Турција уништени над 300 илјади книги

Фетулах Ѓулен.

Повеќе од 300 илјади книги се уништени во турски училишта и библиотеки во изминатите три години, по обидот за пуч во летото 2016 година.

Министерката за образование Зија Селчук рече дека 301.878 книги биле уништени за време на владината иницијатива за искоренување на сè што е поврзано со забранетото движење, предводено од Фетулах Ѓулен, обвинет од Анкара за организирање на пучот.

Ѓулен негира дека е вмешан во обидот за пуч.

Турскиот весник Хуриет објавува дека книгите биле уништени со спалување.