Зеленски побарал Путин да реагира по последните убиства во Донбас

Володомир Зеленски и Владимир Путин

Украинскиот и рускиот претседател, Володимир Зеленски и Владимир Путин, денеска телефонски разговарале поради последното убиство на четворица украински војници во регионот на Донбас.

Како што изјаво Зеленски, тој побарал Путин „да реагира до борците во тој регион“ и дека „Путин нешто му ветил, но дека тоа ќе го обелоденел друг пат“.

Конфликтите во Донбас почнаа 2014 година, а договорот за примирје постигнат е една година подоцна, иако повремено се случуваат инциденти.