Експлодираше автомобил-бомба во Сирија, убиени и три деца

Илустрација

Најмалку петмина загинаа денеска во експлозија на автомобил-бомба во сириската провинција Ал Хашека, контролирана од курдските сили, објавија светските новински агенции, повикувајќи се на информации од невладини организации за човекови права.

Според сириската невладина организација „Опсерваторија за човекови права“, автомобилот-бомба експлодирал кога воено возило минувало покрај него во градот Кахтанјех. Меѓу загинатите се и три деца, објавија агенциите.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.