ОЈО објави детали за уапсениот екс-директор на Централен регистер

Основното јавно обвинителство Скопје почна истрага против поранешниот директор на Централниот регистер, Андреа Поповски, и чертворица негови поранешни соработници, кои вчера беа уапсени по налог на Финансовата полиција.

Екс-директорот е осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување, а останатите четворица за помагање..

„Од 16 декември 2014 година до 29 мај 2017 година, првоосомничениот како директор на Централниот регистар, со пречекорување на границите на своето службено овластување, усно наредил една вработена да биде евидентирана како редовно присутна на работа во месечните листи кои ги изготвувало Одделението за човечки ресурси, иако бил свесен дека цело време вработената воопшто нема да доаѓа на работа, туку ќе биде ангажирана за партиски активности на една политичка партија. Таквата листа била доставувана до Одделението за финансиско-сметководствени работи и врз основа на тоа на вработената неосновано и била исплаќана плата и придонеси на плата, со што била нанесена значителна штета на буџетот на институцијата“, соопшти ОЈО.

Обвинителството ќе бара притвор за Поповски, а за тројца од осомничените мерки на претпазливост.