Народна банка: Солиден раст на домашната економија

Според најновиот Квартален извештај на Народната банка, растот на домашната економија во првиот квартал од годинава е солиден, а „податоците за периодот април и мај упатуваат на продолжување на поволните поместувања во економијата и очекувањата за солиден економски раст годинава“.

„Во април и мај годинава поволните поместувања во економијата се видливи преку забрзаниот раст на трговијата и продолжување на растот на индустријата. Инфлацијата е под проектираното ниво. Јунската годишна инфлација е 0,3 отсто, со што просечната годишна стапка на инфлација во вториот квартал на 2019 година изнесува 1,2 отсто“, се наведува во извештајот на Народна банка.