Турција сака да ги продолжи операциите во Сирија

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го повтори барањето за продолжување на прекуграничните операции во североисточна Сирија. Разговорите меѓу турските и американските претставници во врска со овие операции запнаа околу прашањето за формирање безбедносна зона на територијата на Сирија источно од реката Еуфрат каде што жиеват Курди за кои Анкара смета дека се закана за Турција. Курдите во Сирија се помогнати од САД во борбата против екстремистичката Исламска држава.