Штрајкот во Хонг Конг предизвика хаос во сообраќајот

протести против кинеската влада во Хонг Конг

Сообраќајот во Хонг Конг денеска е во застој, а над 100 летови се откажани поради штрајкот организиран од продемократските активисти. Лидерот на Хонг Конг Кери Лем изјави дека штрајкот го доведува градот во „многу сериозна ситуација“ и го намалува неговиот суверенитет со оглед на заканите од Пекинг дека ќе испрати војници за да се справи со демонстрантите. Во овој важен азиски финансиски центар веќе неколку недели се одржуваат протести против кинеската влада.