Трамп: омразата нема место во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп ги осуди двете масовни убиства во САД во текот на викендот, наведувајќи дека „омрзата нема место во земјата“. Тој истоа така рече дека Вашингтон ќе преземе акции за решавање на проблемот. Во пукањата во Ел Пасо, Тексас и Дејтон, Охајо загинаа најмалку 29 луѓе, додека десетина други беа ранети. Во Ел Пасо 21 годишен напаѓач стрелал во еден трговски центар. Наводно тој претходно оставил манифест со расна содржина. Мотивите на 24 годишниот напаѓач во Дејтон се уште се истражуваат.