Невремето во Далмација насука бродови и корнеше дрвја

Илустрација

Невреме со силен ветер ноќеска во Далмација корнеше дрвја и насукуваше бродови. Ветерот дувал со брзина од 75 километри на час, пренесе агенцијата Хина, повикувајќи се на податоци од Поморскиот метеоролошки центар во Сплит. Службата за трагање и спасување на море примила 130 пријави за насукување на пловила, но нема информации за повредени.

Во подрачјето на Сплит и Солин ветрот корнел дрвја кои паѓале по улиците и патиштата. На повеќе места има оштетени паркирани возила во Сплит. Силниот ветер уривал и бандери, а во подрачјето на Трогир привремено немаше струја.