САД подготвени за „добар договор“ со талибанците

Архивска фотографија: Преговори за мировен договор во Авганистан во Доха на 7 јули 2019

Вашингтон е подготвен да потпише „добар договор“ со талибанците, изјави американскиот специјален пратеник, Залмај Калилзад, кој преговара за ставање крај на речиси дводецениската војна во Авганистан.

Денеска во Доха, главниот град на Катар, продолжија преговорите меѓу американската делегација и претставници на талибанците. Ова е осма рунда на преговори.

Тема на разговорот е и повлекувањето на странските сили од Авганистан во замена за гаранции од страна на талибанците дека нема да членуваат во терористички групи. Тој договор ќе претставува вовед во авганистанските мировни преговори за политичко решение и постојан прекин на огнот.

„Талибанците сигнализираат дека би сакале да склучат договор. Ние сме подготвени за добар договор“, напиша Халилзад на Твитер кон крајот на 2 август.

Портпаролот на талибанците Забихулах Муџахид изјави дека постои надеж дека е можно оваа рунда да резултира со решение, додавајќи дека остануваат некои нерешени детали.