САД повлекуваат илјадници војници од Авганистан

американски војници во Авганистан

Соединетите држави се подготвени занчително да го намалат бројот на војници во Авганистан со што се овозможува почеток на директни преговори меѓу талибанците и авганистанката влада, поддржана од западот. „Вашингтон пост“, Си Ен Ен и германската новинска агенција ДПА јавуваат дека од сегашните 14.000, бројот на војниците би требало да биде намален на 8.000 како дел од мировниот договор за крај на дведецениската војна во Авганистан.