Северна Македонија во чест на Илинден

Мечкин Камен

По повод македонскиот национален празник Илинден денеска ќе се одржат голем број манифестации и чествувања. Делегација на Владата ќе писуствува на церемонијата на Мечкин Камен во Крушево. На оваа церемонија ќе говори премиерот Зоран Заев по што е планирана е и културно уметничка програма која ќе ја отвори ансамблот „Танец“, по кој ќе настапи КУД Емин Дураку, а програмата ќе ја затвори мешаниот хор „Крушево“. Шефот на државата Стево Пендаровски и претставници на Сојузот на борците ќе положат цвеќе пред Споменикот на паднатите борци од НОБ, а ќе оддадат почит и на вечните почивалишта на претседателите Киро Глигоров и Борис Трајковски, како и на генералот Михајло Апостолски.