ЕУ не е подготвена пак да преговара за Брегзит

Европската унија му порача на новиот британски советник за Европа Дејвид Фрост дека не е подготвена повторно да преговара за Брегзит.

Според портпаролката на Европската комисија, Мина Андреева, двете страни ги повториле своите позиции, откако Фрост вчера и денеска имаше повеќе средби со европски функционери.

Андреева рече дека британскиот премиер, Борис Џонсон, и претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, ќе имаат „можност да разговараат“ за Брегзит во Франција на 24 и 26 август, на маргините на самитот на Г7.